Португалскиот стратег Витор Переира е именуван за нов тренер на турскиот гигант Фенербахче. Тој се враќа на кормилото на “сино-жолтите” откако го водеше и во сезоната 2015/16 и заврши на втората позиција со пет бода негатива во однос на Бешикташ.
Досегашниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, исто така беше еден од кандидатите за тренер на Фенербахче, но, сепак, не ја доби шансата. Претседателот на клубот Али Коч имал разговори со Игор Ангеловски, но довербата на крајот му е дадена на Витор Переира. Меѓу кандидатите за тренер на Фенербахче беа и Славен Билиќ, Златко Далиќ, Владимир Петковиќ, Ненад Бјелица…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













