Connect with us

Николов: Не правете „спектакли“, баражот треба да се игра пред публика

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов преку својот инстаграм-профил побара да биде издествувано одложување на бараж-дуелот против Косово, за истиот да се одигра кога ќе постојат услови за на стадионот да има навивачи. 

Николов смета дека за еден вака значаен натпревар неопходна е поддршка од навивачите, што може да биде пресудна во битката за место во финалето од Лигата на Нации.
„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!
Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот“, напиша Бобан Николов на инстаграм-профилот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови