Италијанскиот репрезентативец Николо Барела ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 2026 година. Тој во моментов е еден од најбараните играчи во Европа, а одлучи да остане во редовите на Интер.
Одличниот играч за врска на Интер е цел на најголемите клубови на Стариот континент, а навивачите на „нероаѕурите“ се плашеа дека ќе одбие да потпише нов договор. Сепак, како што пренесува „Газета дело спорт“, италијанскиот репрезентативец донел одлука да остане во Милано.
Тој ќе добива 2,5 милиони евра годишно до крајот на 2023 година, а новиот договор автоматски ќе се продолжи до 2026 година. Меѓутоа, во преостанатите три години од договорот, тој ќе добива 7 милиони европски банкноти по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













