Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ е пред трансферот на кариерата, пишуваат италијанските медиуми. Со месеци се пишуваше за интересот на Милан за Влашиќ, а минатата недела пристигна првата понуда на адресата на ЦСКА Москва.
„Росонерите“ понудија пет милиони евра за едногодишна позајмица и 20 милиони евра за купување на договорот. Во Москва првично не се согласија на тоа, но наводно сега попуштиле и трансферот е близу до реализација.
Русите се подготвени да го продадат Влашиќ, но само доколку износот на вкупниот трансфер, со или без заем, достигне цифра од 30 милиони евра. „Тутоспорт“ пишува дека Милан е подготвен да ги исполни овие услови и да го комплетира најголемиот трансфер во кариерата на Влашиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













