Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа во Рабат го совладаа саудискиот клуб Ал-Хилал со 5-3 и по рекорден петти пат го освоија трофејот на Светското клупско првенство.
А освен Реал, рекордот го сруши и Тони Крос. Германскиот интернационалец по шести пат во својата блескава кариера го освои трофејот во ова натпреварување. Освен пет пехари со Реал, има и еден со Баерн Минхен, освоен во 2013 година.
Со Реал Мадрид го освои ова натпреварување во 2014, 2016, 2017, 2018 и оваа година, а на Светското клупско првенство не загуби ниту едно финале.
Крос синоќа беше во стартниот состав на Карло Анчелоти и играше до 74. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













