Крилниот фудбалер на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација, Нико Вилијамс, го скрати својот летен одмор со цел да го забрза трансферот во Барселона, објави каталонскиот весник „Спорт“.
Според информациите, исплатата на откупната клаузула и финализирањето на преговорите се очекува да се случат во петок, на 4 јули. Од Барселона успеале да го уверат Вилијамс и неговиот агент дека нема да имаат проблеми со регистрацијата на играчот, што беше еден од клучните услови за трансферот.
Минатата недела двете страни постигнаа устмена согласност за шестгодишен договор, вклучувајќи ги и условите за платата. Но, при формализирањето на договорот, агентот на Вилијамс неочекувано побарал да се додадат дополнителни клаузули поврзани со гаранција за регистрација, што го изненади раководството на Барселона.
Сепак, според последните информации, недоразбирањата се надминати. Барса доставила 30 страници со правна документација, со што го уверила Нико Вилијамс и неговиот агент дека нема никакви административни пречки трансферот да биде успешно финализиран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













