Connect with us

Нико Вилијамс ги откачи Барселона и Баерн и потпиша со Атлетик Билбао до 2035 година!

Атлетик Билбао и Нико Вилијамс постигнаа договор за продолжување на договорот на крилниот напаѓач за дури осум години – до 30 јуни 2035 година. Договорот на младата ѕвезда истекуваше во 2027 година, но тој ја прифати понудата на Атлетик и ги одби милионските понуди од Барселона и Баерн Минхен.

Со новиот договор, неговата откупна клаузула се зголемува за повеќе од 50% во однос на претходната, која изнесуваше околу 60 милиони евра. Дополнително, Нико ќе стане најплатениот фудбалер во составот на „црвено-белите“.

„Кога треба да се донесат одлуки, за мене најважно е срцето. Јас сум таму каде што сакам да бидам, со моите луѓе. Ова е мојот дом. Напред, Атлетик!“, изјави Нико Вилијамс во видео објавено од клубот по повод потпишувањето.

Ова продолжување на договорот се приклучува на веќе обновените договори на клучни фигури како Унаи Симон, Ојан Сансет, Дани Вивијан, Микел Хаурегисар, Бењат Прадос и тренерот Ернесто Валверде.


Нико Вилијамс ќе продолжи да го носи легендарниот број „10“ во тимот на Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови