Вардар и Шкендија ја продолжуваат трката за шампионската титула во сезоната 2019/2020. И двата тима на гостински терен во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига во потрага по нови бодови.
„Вардарци“ ги чека секогаш незгодното гостување против Ренова во Тетово, иако составот на Александар Васоски е убеден дека може до триумф преку ново квалитетно издание. На „гипсарите“, од друга страна, бодовите им се исто така повеќе од неопходни во битката за опстанок.
Шкендија, пак, гостува на Борец во Велес. По претходното убедливо издание против Македонија ЃП тетовци веруваат во нов триумф со кој ќе продолжи притисокот кон водечкиот Вардар.
Интересно ќе биде и во Кратово во пресметката на двата тима кои се борат за европски излез. Силекс ја носи предноста на домашниот терен, но Македонија ЃП по последниот пораз посакува бодови. Во последниот денешен меч Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Шкупи во натпревар кој значи за едната екипа избегнување на претпоследната позиција на табелата.
ПРВА ЛИГА – 22. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР (13 ч.)
Велес: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
ВЧЕРА
РАБОТНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 1-0
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













