Манчестер Јунајтед изненадувачки загуби на домашен терен од Астон Вила (0-1), а веднаш почнаа и критиките за тимот на Оле Гунар Солскјер. Бруно Фернандеш промаши пенал во судиското продолжение за да извлече барем бод за „црвените ѓаволи“, а на критичарите им се придружи и легендарниот дефанзивец на клубот, Гери Невил.
„Манчестер Јунајтед нема да биде шампион. Го реков тоа и кога победуваше и кога Роналдо постигна голови. Тие едноставно не играат доволно добро како тим, а тоа е клучно за освојување на Премиер – лигата. Тимот мора да биде сплотен и кога игра со топката и без неа, мора да има јасен план и стил на игра. Во Манчестер Јунајтед засега гледам само група добри индивидуалци кои се обидуваат да изгледаат како тим. Има многу нови играчи како Роналдо, Санчо и Варан. Тие мора да се прилагодат, но и да се обидат да станат дел од тимот“, изјави Гери Невил.
Манчестер Јунајтед в среда ќе го пречека Вилјареал на „Олд Трафорд“ во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













