
Легија Варшава го победи Видзев Лоѓ со 2-1 во натпреварот од 14. коло на полската Екстракласа. Легија поведе со голот на Капустка во 36. минута, а изедначи Керк пет минути подоцна. Победата на Легија ја обезбеди Вжолек во 87. минута. Со оваа победа, Легија се искачи на петтото место на полското првенство.
Натпреварот беше обележан и со спектакуларното пиротехничко шоу на домашните навивачи. Навивачите на Легија се познати по своите спектакуларни кореографии, а овојпат ја организираа најголема бакљада во историјата на клубот, палејќи 800 факели и создавајќи неверојатна атмосфера на стадионот во Варшава.
Legia Warszawa at home to Widzew Łódź tonight 🤯🤩🇵🇱 pic.twitter.com/cGBQQpbIaA
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) November 3, 2024
Пред „бакљадата“, Легија организираше светлосно шоу во клубските бои, а на натпреварот беа претставени и новите дресови на клубот.
На дресовите пишува: „Историјата, идентитетот и лојалноста го обликуваа овој клуб со години. За нас, тоа е повеќе од бои“.
Светлосното шоу траеше околу три минути, а навивачите се подготвувале за „бакљадата“ повеќе од три часа.
Факелите гореа на две трибини, а нешто слично навивачите на Легија направија пред 20 години кога ја подигнаа познатата кореографија „Добредојдовте во пеколот“.
Легија е најуспешниот полски клуб на сите времиња. Минатата сезона заврши третопласирана, а 15 пати стана државен првак, последен пат во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
