Connect with us

Неверојатен момент: Гол-технологијата потврди гол, а судијата погледна ВАР и не го призна (ВИДЕО)

Фиорентина ја победи Брага со 3-2 во реванш мечот од осминафиналето на Конференциската лига. Со тоа ја потврди убедливата победа од првиот натпревар (0-4) и обезбеди место во следната фаза.
Највпечатливиот момент од натпреварот, но и еден од најбизарните моменти во сезоната се случи во 55. минута при резултат 2-1 за португалскиот тим.


Артур Кабрал постигна гол за Фиорентина, а технологијата на гол-линијата потврди дека топката ја минала линијата.

Arthur Cabral (Fiorentina) disallowed goal against Braga 56′
by u/Meladroite in soccer

Сепак, по кратка консултација, судијата отиде да го погледне видеото и реши да го поништи голот. Таквата постапка збуни многу гледачи кои никогаш не виделе судија да одбие одлука за технологија, а дополнителна доза на збунетост предизвика и тоа што стандардната графика покажува како топката ја минала гол-линијата.

Кабрал во 83. минута постигна гол за 3-2, кој беше признат. За време на прославата тој се потсмеваше на ВАР држејќи ја раката за уво преправајќи се дека се консултира со судиите од ВАР просторијата. Италијанските медиуми пишуваат дека поради тоа би можел да биде казнет.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови