
Тренерот на ФК Копенхаген, Јакоб Неструп, ги сподели своите очекувања за денешниот натпревар против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој ја призна класата на противникот, но истовремено е сигурен дека неговиот тим може успешно да му се спротивстави на актуелниот освојувач на трофејот.
„Знаеме каков тим е Манчестер Сити, но и нивните играчи се луѓе, како и оние на Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Галатасарај со кои бевме во иста група“, изјави Неструп.
„Ќе излеземе со јасна идеја дека имаме шанса да победиме. Со нетрпение го очекуваме натпреварот и знам дека атмосферата на стадионот ќе биде фантастична“, додаде тренерот на данскиот тим.
Натпреварот меѓу ФК Копенхаген и Манчестер Сити се игра вечерва од 21 часот на стадионот „Паркен“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
