Италијанскиот калчолигаш Наполи не ги остварува планираните резултати оваа сезона и нервозата е се поприсутна кај тренерот Џенаро Гатузо и во тимот на „наполитанците“. Капитенот Лоренцо Инсиње збесна откако Наполи прими гол во последните мигови од судиското продолжение против Сасуоло (3-3) од пенал и испушти победа, а потоа клубот со соопштение го „вадеше“ дека не ги пцуел соиграчите.
Нервозата продолжи и на тренинзите на Наполи. Тренерот Џенаро Гатузо го избркал од тренинг Марио Руи поради недоволно залагање. Му рекол веднаш да замине од теренот и им порачал на сите други дека ќе ги снајде неговата судбина доколку се „влечат“ на тренинзите.
Гатузо исто така е под голем притисок поради тоа што Наполи се наоѓа на шестата позиција и заостанува во трката за пласман во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













