Реал Мадрид го објави финансискиот извештај за сезоната 2023/24, при што соопшти рекордни приходи не само во историјата на клубот, туку и во фудбалот воопшто.
Оперативните приходи на клубот, без да се вклучат трансферите на фудбалери, достигнаа над 1.073.000.000 евра, што е зголемување од 230 милиони (27%) во споредба со 2022/23.
Иако реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ сè уште не е целосно функционален, клубот ја надмина границата од 1 милијарда приходи, што досега не го постигнал ниту еден клуб во историјата.
Реал Мадрид пријави добивки од 16 милиони евра, и клубот се пофали дека одржува солидна финансиска ситуација со актива од 574 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













