Вардар, најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, засега нема да врши никакви промени во составот – ниту нови трансфери, ниту нови имиња – сè додека трае европската авантура во Конференциската лига.
Иако во јавноста се појавија шпекулации за можен ангажман на репрезентативците Дарко Велковски и Бобан Николов, од клубот ги демантираат ваквите најави. Од раководството порачуваат дека целосниот фокус моментално е ставен на европските настапи, каде што целта е јасна – да се оди колку што е можно подалеку.
Трансфери се можни, но дури по завршувањето на настапите во Европа, и тоа само ако некој од актуелните првотимци биде продаден. Засега, Вардар нема простор за нови странци, бидејќи квотата е веќе исполнета, а клубот останува со актуелниот ростер за европските предизвици.
Пред Вардар е реваншот против Ла Фиорита во Сан Марино, каде македонскиот тим патува со удобна предност од три гола, остварена на првиот натпревар во Скопје. Доколку го потврди пласманот, „црвено-црните“ во второто квалификациско коло ќе се соочат со далеку посериозен предизвик – швајцарскиот претставник Лозана.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













