Connect with us

Нема кој да ги сопре Хари Кејн и Баерн Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен продолжува немилосрдно да гази во Бундес-лигата, нова жртва беше Хофенхајм, кој на домашен терен капитулираше со 1-4.

„Сино-белите“ издржаа до самиот финиш на првото полувреме, но во 44. минута Хари Кејн со прецизен удар по мајсторски изведен корнер донесе водство за шампионот. Веднаш по стартот на вториот дел, Кејн од пенал зголеми на 0-2, а во 77. минута реализираше и втор удар од белата точка – хет-трик за англиската ѕвезда. Хофенхајм само накратко ја намали разликата преку Цоуфал, додека конечните 1-4 ги постави Гнабри во судиското продолжение. Баерн по четири кола има максимални 12 бода и изгледа дека повторно ќе маршира без конкуренција.

Во Аугсбург, Мајнц одигра блескав меч и славеше со убедливи 1-4. Стрелци беа Сано, Кор, Небел и Шиб, а почесниот гол за домаќините го постигна Ешинде.

Прв сезонски триумф запиша и повратникот во елитата, Хамбургер. На „Фолкспаркштадион“ падна Хајденхајм со 2-1. Младиот Лука Вушковиќ го отвори резултатот, Филипе ја удвои предноста, а иако гостите преку Куле во 93. минута внесоа неизвесност, немаше време за израмнување.

Фрајбург блескаше во Бремен и победи со 0-3 против Вердер. Грифо од пенал, Адаму и автоголот на Кулибали ја запечатија убедливата победа на гостите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови