Македонскиот првак Шкупи не успеа да се пласира во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски загуби од Балкани (1-0) и на реваншот во Приштина. Со тоа го потврди пласманот откако славеше со 1-2 на првиот меч во Скопје.
Многу работи на стадионот „Фадиљ Вокри“ беа јасни уште во втората минута. Џелил Абдула направи наивен прекршок како последен човек во одбраната и доби црвен картон, а мечот речиси и да не беше започнат. Со фудбалер помалку, Шкупи се обидуваше да парира, дури и да дојде до водство, но во 69.минута, по една грешка во одбраната, Меритон Кореница постигна гол и го реши двомечот, а за Балкани донесе историски пласман во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Дефанзивците на Шкупи се повлекува и реагираа многу лошо, беше измамен и Кристијан Наумовски, а Меритон Кореница ја внесе топката на посакуваното место.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski