Одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Нејтан Аке, призна дека му е тешко да го прифати ремито 3-3 со Феенорд во Лигата на шампионите. Неговиот тим водеше со 3-0, но доживеа голем пад во последните минути и испушти сигурна победа.
„Тешко е да го прифатиме овој резултат. При 3-0 дома, изгледаше како сè да е решено, затоа е тешко да се проголта колку лесно ја испуштивме победата. При 3-1 тие почнаа да нѐ притискаат, а ние требаше да покажеме издржливост. Можеби тоа не се случи, и затоа примивме уште два гола. Ова не смее да се случува. Сега треба да гледаме напред и да не се задржуваме премногу на овој натпревар“, изјави Аке.
„Понекогаш во текот на сезоната има периоди кога работите не одат според планот. И минатата година имавме сличен краток период кога не победувавме, туку игравме нерешено и ни беше тешко. Но, тогаш покажавме карактер за да излеземе од кризата. Сега повторно сме во слична ситуација и мораме што е можно побрзо да се извлечеме од неа како тим и да гледаме напред“, додаде Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













