Бразилската ѕвезда Нејмар веќе нема желба да се врати во Барселона. Иако беше блиску до кам-бек на „Камп Ноу“ претходното лето, сепак, после корона-кризата и последните случувања со Лионел Меси, тој не сака да се врати назад во Барса, пишуваат шпанските медиуми.
Нејмар е свесен дека во еден ваков кризен период речиси ниеден клуб не може да си дозволи таков луксуз да плати околу 180 милиони евра за трансфер. Затоа е максимално фокусиран на настапите во Пари Сен Жермен, па дури и дава знаци дека сака да го продолжи актуелниот договор кој има важност до 2025 година, дури и ако има мало намалување на годишната плата поради корона-кризата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski