
Бразилскиот репрезентативец Нејмар поради повреда и понатаму е надвор од терените, но често го гледаме во разни подкасти и емисии каде одговара на интересни прашања.
Лигаментите на Нејмар страдаа на почетокот од минатата година додека уште играше за ПСЖ. Недоволно подготвен потоа прејде во Саудиска Арабија, а и таму доживеа тешка повреда, па фудбалерот на Ал-Хилал и понатаму е надвор од теренот. Во октомври страдаше за време на натпреварот од квалификациите меѓу Бразил и Уругвај, кога повторно ги скина лигаментите на коленото.
Го пропушти остатокот од сезоната, но ја пропушта и Копа Америка која е во тек. Сè уште не е познато кога поранешниот играч на ПСЖ и Барселона ќе се врати на терените.
Во меѓувреме, гостувајќи во еден подкаст, беше запрашан да го избере најгрдиот фудбалер со кого има играно, а тој немаше проблем да го направи тоа јавно.
„Играв со многу грди луѓе, но со должно почитување, ќе го одберам Винисиус Жуниор,“ изјави Нејмар, но со оглед на тоа што тоа го кажа со насмевка, многу е веројатно дека сепак не беше целосно искрен и дека само сакаше да го „боцне“ својот добар пријател и репрезентативен колега.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
