Бразилскиот ас Нејмар ја надмина повредата на бутниот мускул и се врати на тренинзите на ПСЖ. Петнаесетина денови откако заработи повреда на мечот против Каен во Купот на Франција, офанзивецот на „светците“ почна со лесни индивидуални тренинзи. Ќе треба да минат уште десетина дена додека комплетно се врати во ритам и биде подготвен за настап.
Лекарскиот тим го подготвува Нејмар за камбек на 10 март, кога ПСЖ на „Паркот на принцовите“ ја пречекува Барселона во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите. ПСЖ обезбеди огромна предност на „Камп Ноу“ откако славеше со 1-4, а хет – трик постигна Килијан Мбапе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













