Connect with us

Нејмар се враќа во Сантош?

Бразилскиот гигант Сантош планира да го врати Нејмар во клубот по неговиот престој во саудискиот Ал-Хилал. Ова го соопшти лично претседателот на бразилскиот клуб, Марсело Тешеира.


Кариерата на Нејмар започна во Сантош, каде постигна 136 гола на 225 натпревари, пред да се приклучи на Барселона во 2013 година. 32-годишниот фудбалер освои три титули во лигата, плус трофејот во Копа Либертадорес, пред да се одлучи да се пресели во Европа.

Нејмар се приклучи на Ал-Хилал минатото лето на трансфер од ПСЖ, но неговиот престој на Блискиот Исток беше нарушен со две сериозни повреди. Тој ги скина лигаментите на коленото во октомври, по што бразилската ѕвезда мораше да биде подложена на операција. Нејмар нема да игра повторно оваа сезона, а неговата рехабилитација продолжува во Ријад.

Актуелниот договор на Нејмар со Ал-Хилал е до јуни 2025 година, но Сантош ја следи неговата ситуација и претседателот на клубот Марсело Тешеира тврди дека преговорите веќе се отворени.

„Разговорот со Нејмар беше многу брз, но секогаш брзите разговори имаат добар ефект. За да се врати и да игра тука, треба добро да се опорави од повредата. Тој ќе продолжи да игра во Саудиска Арабија, а потоа ќе се врати овде“, откри Тешеира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови