Connect with us

Нејмар се враќа во Барселона?

Бразилецот Нејмар е пред сензационално враќање во Барселона, од каде во 2017 година замина во ПСЖ. Ова го навестува шпанскиот инсајдер Жерар Ромеро.


„Се случува. Приказната за Нејмар е вистинска. Кажете им на пријателите бидејќи ќе биде лудо. Нешто се случи денес и многу е жешко. Нејмар не беше понуден од ПСЖ во пакетот за Дембеле, туку се случува нешто сосема друго”, изјави Ромеро.

Нејмар не е во плановите на Луис Енрике за иднината на тимот и ПСЖ бара начин да го продаде. ПСЖ го сака Осман Дембеле од Барселона, но Каталонците засега го отфрлаат трансферот.

Нејмар пристигна во ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра во 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови