Connect with us

Нејмар: Се карам и со мојата девојка, па сѐ уште сме заедно

Бразилецот Нејмар ја нарушувал атмосферата во соблекувалната на ПСЖ во пресрет на дуелот со Баерн во осминафиналето на Лигата на шампионите, пишуваа француските медиуми. По поразот од Монако настанал вистински хаос во соблекувалната бидејќи прво се расправал со соиграчите, а потоа го нападнал и спортскиот директор Луис Кампос.


Пред мечот со Баерн на прес се појави токму Нејмар. Таму призна дека има проблеми во тимот, но не е тоа нешто сериозно.

„Се расправавме, но тоа се случува постојано. Јас се расправам и со мојата девојка, па се уште сме заедно. Фудбалот не е само љубов. Понекогаш се расправаме за да се подобриме. Вистината е дека не сме добри и ПСЖ мора да биде многу подобар“, изјави Бразилецот во воведот.

„Јас сум тука шест години и секогаш има гласини, понекогаш и злонамерни. Не знам што да кажам. Јас не сум одговорен за тоа. Јас сум спортист и овие работи можат да влијаат на една личност, но не можеме да се справиме со сѐ што ќе излезе. Малку е тажно затоа што треба да остане меѓу нас. Некои работи се вистинити, некои не се“, објасни ѕвездата на ПСЖ.

„Ле Паризиен“ објави дека ПСЖ одлучил Нејмар да го напушти клубот на крајот од сезоната бидејќи внесува непотребен немир во тимот. На лето ќе го стави на трансфер листа.

Нејмар во ПСЖ пристигна како огромно засилување пред речиси шест години од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови