Напаѓачот на Сантош, Нејмар, заработи мускулна повреда на десниот бутен мускул, објави официјалната веб-страница на бразилскиот клуб.
33-годишниот фудбалер веќе започнал со терапија со цел што поскоро да се врати на терените, соопштија од Сантош.
Оваа сезона, Нејмар настапи на 21 натпревар во сите конкуренции, постигна шест голови и запиша три асистенции. Во бразилското првенство има одиграно 12 меча со три погодоци, при што собра и шест жолти картони.
Инаку, во септември тој не беше повикан во националниот тим на Бразил по одлука на селекторот Карло Анчелоти.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













