
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар е во преговори за премин во МЛС-лигата, објави „ЕСПН“.
Извесно е дека напаѓачот по повеќе од година и половина ќе го напушти Ал-Хилал, но останува прашањето дали тоа значи и заминување од Саудиска Арабија. Според американските медиуми, одговорот е „да“.
„ЕСПН“ известува дека Нејмар преговара со дури три клуба од МЛС-лигата.
Секако, првата асоцијација на негово преселување во САД е можноста за повторно обединување со Лионел Меси и Луис Суарез, создавајќи го „последниот танц“ на триото „МСН“. Сепак, на разочарување на многу фанови на фудбалот и навивачи на Интер Мајами и Барселона, тоа нема да се случи во овој момент. Причината се финансиските ограничувања, бидејќи буџетот на Интер Мајами веќе е пренатрупан со ѕвезди како Лео Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
И тренерот на екипата, Хавиер Маскерано, изјави дека ваквата операција е невозможна.
Затоа, во прв план се истакнува Чикаго Фајер, кој наводно веќе го контактирал Нејмар за потенцијална соработка. Покрај нив, уште два клуба покажале интерес, но нивните имиња засега не се откриени.
Нејмар има договор со Ал-Хилал до јуни 2025 година, што значи дека е слободен да преговара со други клубови. Сепак, не е исклучена можноста за раскин на договорот, бидејќи и покрај неговото закрепнување од повредата на предните вкрстени лигаменти на коленото, тој се соочува со нови проблеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе
