Бразилскиот фудбалер Нејмар нема да биде подготвен за стартот на новата сезона со Ал-Хилал, изјави тренерот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Жорж Жесус.
„Сѐ што знам во моментов е дека времето потребно за опоравување на Нејмар и воопшто за ваков тип на повреди е од 10 до 11 месеци. Ако пресметаме, Нејмар нема да биде подготвен за претсезонски подготовки“, изјави Португалецот.
Ал-Хилал минатата недела ја обезбеди четвртата титула во последните пет години.
Нејмар во ноември беше опериран во Бразил поради скинати вкрстени лигаменти и менискус на левото колено, откако се повреди на 17 октомври на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за СП 2026 година.
Овој 32-годишен фудбалер во 2023 година се пресели од Пари Сен Жермен во Ал-Хилал каде според медиумите заработува околу 100 милиони евра по сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













