Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, изненадувачки одлучи да започне со тренинзи една седмица порано од предвиденото. Тој утрово се појави во клубот и е подготвен да почне со тренинзи.
Бразилецот имаше дозвола да се врати од одмор една недела подоцна, но реши да не ја искористи. Тој е познат по својата склоност често да се препушта на забавите, но сега покажува професионализам.
Заедно со него денеска предвреме во Париз се врати и неговиот сонародник и капитен на тимот, Маркињос.
Во текот на денот се очекува францускиот клуб да ја објави тренерската смена, Кристоф Галтие на местото на Маурисио Покетино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













