
Нејмар се раздели со Ал-Хилал со взаемна согласност, објавија шампионите на Саудиска Арабија. Бразилската ѕвезда имаше разочарувачки период во клубот и не успеа да го покаже својот целосен потенцијал. На крајот, двете страни решија дека е најдобро да ја прекинат соработката.
32-годишниот фудбалер се здоби со повреда на коленото за време на квалификациите на Бразил за Светското првенство против Уругвај во октомври 2023 година, што го отстрани од игра на подолг период. Дури и по неговото опоравување, не успеа да ја врати својата најдобра форма.
„Ал-Хилал и Нејмар Жуниор постигнаа договор за прекин на договорните односи со взаемна согласност“, објави саудискиот клуб.
Ал-Хилал го раскина договорот на Нејмар со моментален ефект, а Бразилецот сега ќе отпатува за медицински прегледи и ќе потпише како нов играч на Сантош.
Нејмар одигра само седум натпревари за Ал-Хилал откако премина од Пари Сен Жермен за околу 90 милиони евра во август 2023 година.
Бразилските медиуми објавија дека Нејмар, кој постигна 79 голови за националниот тим, ќе се врати во својот матичен клуб Сантош, кој го напушти во 2013 година за да се приклучи на Барселона.
Во ПСЖ прејде од Барселона за светски рекорд од 222 милиони евра во август 2017 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
