
Комплетирано е првото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во фудбал во 2026 година.
Јужноамериканците не го менуваат системот, десет селекции ќе одиграат дури 18 кола во овие квалификации, но сега разликата е во тоа што поради проширувањето на Мундијалот во финалето ќе се пласираат и најдобрите шест селекции на табелата, додека седмопласираниот ќе игра меѓународен плеј-оф.
Бразил имаше доминантен старт на новата кампања на домашен терен, откако Боливија беше поразена со 5-1.
Нејмар конечно се појави на теренот и промаши пенал во 17. минута. Напаѓачот на Реал, Родриго, го отвори резултатот во 24. минута, а играчот на Барселона Рафиња во 47. минута го удвои водството.
Родриго повторно беше стрелец во 53. минута, а потоа на сцена стапи Нејмар кој во 61. и во 93. минута ја погоди мрежата на Боливија. Гостите постигнаа почесен гол преку Абрего во 78. минута.
Со овие два гола Нејмар стана најдобриот стрелец на бразилската селекција во историјата, стигна до бројката од 79 на „вечната листа“ на голови за репрезентацијата, со што го престигна легендарниот Пеле кој има гол помалку.
Уругвај го победи Чиле со 3-1 на легендарниот „Сентенарио“ во Монтевидео.
Двоен стрелец беше фудбалерот на Ривер Плата, Николас де ла Круз во 38. и 71. минута, а Феде Валверде погоди во 45. минута. Голот за Чиле го постигна искусниот Артуро Видал во 74. минута.
Претходно, Аргентина го победи Еквадор со 1-0, Колумбија со истиот резултат ја победи Венецуела, додека Парагвај и Перу ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Евро-фудбал
Аталанта го купи Црногорецот Никола Крстовиќ

Евро-фудбал
Еберечи Езе доаѓа во Арсенал, Тотенхем „извиси“

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
