Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ќе потпише нов договор со клубот, тврдат медиумите на Островот.
Според информациите, 32-годишниот Белгиец има намера да остане во англискиот шампион и покрај интересот на клубови од Саудиска Арабија.
Актуелниот договор на Де Бруин со Манчестер Сити е до 30 јуни 2025 година. Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред одигра 26 натпревари, постигна шест гола и забележа 18 асистенции иако во одреден период од сезоната беше и повреден.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













