Connect with us

Не го повикаа на СП, па реши никогаш веќе да не игра за Португалија

Летното засилување на Ливерпул, Фабио Карвалјо, изненадувачки одлучи да не игра повеќе за националниот тим на Португалија, објави федерација. Офанзивниот играч за врска беше дел од прелиминарниот список на селекторот Фернандо Сантош, но потоа беше изоставен во последната селекција за 26 играчи кои ќе настапат на СП во Катар.


Се чини дека тоа го вознемири талентот, бидејќи веднаш потоа го известил раководството на репрезентацијата дека никогаш веќе нема да игра за Португалија.

Карвалјо во основа беше дел од младинскиот тим на Португалија до 21 година и нема одиграно ниту еден натпревар за сениорската репрезентација, иако сега беше во драфт групата за Светското првенство.

Во Португалија се сомневаат дека 20-годишниот талент планира да се пресели во репрезентацијата на Англија.

Откако живееше на Островот како дете, Карвалјо беше дел од селекциите на „Трите лава“ до 15, до 16, до 17 и до 18 години.

Во март оваа година тој сепак беше повикан во младинската селекција на Португалија и на таа возраст играше на Европското првенство.

Карвалјо има право повторно да стане англиски репрезентативец, бидејќи нема забележано ниту еден натпревар за сениорската репрезентација на Португалија, што е еден од условите.

Неговиот татко е од Ангола, а мајка му е Португалка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови