
Португалскиот ас Кристијано Роналдо уште еднаш ја потврди својата врвна класа откако му донесе триумф на Манчестер Јунајтед буквално во 95.минута од дуелот против Вилјареал на „Олд Трафорд“. Иако англискиот тим имаше негатива во 53.минута, кога Пако Алкасер го совлада Де Хеа, сепак, Алекс Телјес со прекрасен погодок израмни на 1-1.
Долго време Јунајтед се обидуваше да дојде до победа, а кога сите помислија дека е крај – Роналдо испорача победнички гол.
Со ова Манчестер Јунајтед се враќа во игра за првото место во групата од ЛШ, откако на стартот загуби од Јанг Бојс во Швајцарија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
