Ндерим Неџипи се повлече од функцијата спортски директор на македонскиот прволигаш Шкупи. Тој вечерва преку својот Инстаграм профил објави дека поднесува оставка и се повлекува од функцијата.
Во емотивна порака, Неџипи се заблагодари на целиот клуб за соработката во, како што вели, еден тежок и предизвикувачки период.
„Би сакал да ве известам дека се повлекувам од функцијата спортски директор на Шкупи. Сакам од срце да им се заблагодарам на целиот клуб, тренерите и играчите за соработката и посветеноста што ја покажаа во овој тежок период.“
Особена почит оддаде на навивачката група „Шверцери“, кои и во најтешките моменти останаа верни на клубот.
„Посебна и најголема благодарност им упатувам на Шверцерите, кои секогаш беа тука за тимот со извонредна поддршка. Со почит, Ндерим Неџипи (еден од вас)!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













