
Манчестер Јунајтед се подготвува за назначување на Рубен Аморим за нов менаџер, но според медиумите во Португалија, може да се чека дури еден месец за негово официјално преземање на функцијата. Спортинг Лисабон потврди дека Јунајтед се подготвени да ја платат откупната клаузула на Аморим од 10 милиони евра, а и самиот тренер дал согласност за трансферот.
На прес-конференцијата, Аморим индиректно потврди дека преговорите се во тек, но нагласи дека моментно е фокусиран на својот тим и подготовките за следниот натпревар против Естрела Амадора. Иако со ентузијазам се зборува за неговото назначување на „Олд Трафорд“, одложувањето се должи на правни прашања, вклучувајќи и договарање за ангажманот на неговите асистенти Даниел Фернандеш, Аделио Кандидо и тренерот на голманите Хорхе Видал, кои се очекува да го следат во Манчестер.
Од Манчестер Јунајтед бараат да го забрзаат процесот и Рубен Аморим да започне што е можно поскоро со работа на „Олд Трафорд“. Во меѓувреме, вечерва тимот ќе го предводи Руд ван Нистелрој на осминафиналниот натпревар од Карабао купот против Лестер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
