Фудбалерите на Лацио стигнаа до драматична победа (3:4) на гостувањето против Специја, а фановите на домашниот тим погрдно му скандираа на напаѓачот Чиро Имобиле. Тоа и не би било толку интересно, доколку не беше спомената и Македонија.
Посебно интересна беше приказната за голот на Лацио за 1:1, кој во 33. минута го постигна најдобриот стрелец на римскиот клуб, Чиро Имобиле. Италијанскиот напаѓач беше прецизен од белата точка, но пред тоа мораше да ги издржи провокациите на навивачите на Специја кои доаѓаа од трибините.
„Ти си гомно што не можеше да и даде гол ниту на Македонија“, му довикаа навивачите на домашната екипа, но тоа не им помогна многу. Имобиле беше мирен и без поголеми проблеми погоди за израмнување во тој момент.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













