Connect with us

Навивач на Манчестер Сити во кома откако бил нападнат од белгиски хулигани

Навивач на Манчестер Сити е тешко повреден во тепачка во Бриж по натпреварот помеѓу Клуб Бриж и Сити (1-5) во Лигата на шампионите. Фановите на англискиот клуб беа нападнати од белгиски хулигани недалеку од стадионот, а тешко повредениот 63-годишник се наоѓа во кома и се бори за живот.


“Татко ми беше кукавички нападнат поради шалот на Манчестер Сити. Се надеваме дека сторителите ќе бидат најдени и казнети. Тато, продолжи да се бориш”, напиша синот на повредениот навивач на социјалните мрежи.

„Тој беше со двајца пријатели и домашните хулигани му го украдоа шалот. Кога го побара шалот назад, тој доби силен удар во главата. Напаѓачите побегнаа и го оставија да лежи во крв”, додаде Јирген, син на 63-годишниот Гвидо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови