Connect with us

Навивач на АЕК убиен во жестока пресметка со „Бед Блу Бојс“ во Атина (ВИДЕО)

Навивач на АЕК загинал по жестокиот судир на грчките фанови со „Бед Блу Бојс“ во Атина, јавуваат „Газета“ и „Спорт24“. И покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатуваа за Атина, каде вечерва се игра првиот натпревар.


„Газета“ пишува дека навивачот починал откако бил прободен со остар предмет. Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од уште неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив „во очај, држејќи се за лицата постојано разговараа на телефон“, чекаа да видат што ќе се случи со еден член на нивната група, наведува „Газета“.

Грчките медиуми опишуваат дека повредените навивачи биле распослани по креветите во ходниците, а „вратите од операционата сала постојано се отворале и затворале“. Меѓу повредените има и Грци и Хрвати, истакнува „Газета“, наведувајќи дека повеќе од 150 хрватски навивачи дошле во Атина.

Навивачите на Динамо Загреб пристигнале во Грција во организирана колона автомобили. Според нивните полициски извори, навивачите биле забележани и обезбедувањето било подготвено за нив, „но се чини дека се организирале затоа што по пристигнувањето во градот се распрснале“.

„Газета“ тврди дека околу 23 часот хрватски навивачи дошле на стадионот на АЕК кој се вика ОПАП Арена и таму ги нападнале навивачите на АЕК. Навивачите на гостите наводно се обиделе да упаднат и на стадионот, во што не успеале.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови