
Брегалница со дуелот против Каменица Саса на домашен терен во сабота (13. март) го стартува третиот круг од натпреварите во Вторaта лига – Исток.
По убедливата победа од 1-5 на гостувањето против Росоман, штипскиот тим е решен да продолжи напред со нов триумф.
Капитенот Ристе Наумов верува дека екипата повторно ќе одигра согласно своето реноме, и ќе дојде до посакуваните нови три бода.
„Задоволни сме од начинот на кој дојдовме до претходната победа. Но, тоа е зад нас, а сите мисли сега се кон натпреварот со Саса. Тимот од Македонска Каменица секогаш бил незгоден противник за нас. Добро се сеќаваме на некои претходно меѓусебни натпревари и тоа треба да е поука за сите нас. Но, јасно е дека без разлика на противникот од спротивната страна Брегалница на сите натпревари оди на победа. Така ќе биде и в сабота“, изјави Ристе Наумов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
