Connect with us

Наполи со песна се враќа од „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Наполи стигна до својата петта победа по ред и вкупно осма оваа сезона во Серија А, по триумфот над Милан со 0-2 на „Сан Сиро“. Со ова, тимот на Антонио Конте се зацврсти на врвот со 25 бодови, значително одвојувајќи се од ривалите во италијанскиот шампионат.

Ромелу Лукаку донесе водство за Наполи уште во петтата минута, замолкнувајќи ги навивачите на Милан, а Квича Кварацкелија во финишот на првиот дел зголеми на 0-2.

Алваро Мората постигна погодок во вториот дел, кој сепак беше поништен поради офсајд. Тоа беше сѐ од „росонерите“ на овој дуел.

По овој пораз, Милан се наоѓа на осмата позиција со само 14 бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови