Наполи одлично ја отвори новата сезона во Серија А и клубот сака да реди успеси на сите полиња. Раководството на „наполитанците“ започна преговори со својот најдобар фудбалер Лоренцо Инсиње за потпишување нов договор.
Сегашниот го врзува крилниот напаѓач со Наполи до летото следната година, па челниците на клубот прават се што е во нивна моќ за да постигнат договор што е можно побрзо и со тоа да се реши „судбината“ на Инсиње.
Инсиње пред 11 години го потпиша првиот професионален договор со Наполи, а до 2012 година беше на позајмица во Кавезе, Фоџа и во Пескара.
За него се интересираат Барселона и Тотенхем, но Наполи сака да го задржи во своите редови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













