Connect with us

Наполи сака анти-саудиска клаузула во новиот договор на Виктор Осимен

Фудбалските клубови во Саудиска Арабија продолжуваат да мавтаат со милиони пред фудбалерите од европските клубови, па сега Ал-Хилал на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, му нуди плата поголема од еден милион евра неделно. Според пишувањата на италијанските медиуми, нигерискиот напаѓач нема намера да го напушти италијанскиот шампион без разлика на висината на понудата.


Играчот и клубот во неколку наврати потенцираа дека неговата иднина сѐ уште е врзана за југот на Италија, а меѓу двете страни има договор до јуни 2025 година.

Сепак, раководството на Наполи сака дополнително да се обезбеди и да потпише нов договор со Нигериецот во кој би имало две ослободителни клаузули, едната за европските клубови, а другата двојно поголема за саудиските клубови.

Клубот бара сума од 150 милиони евра, а Осимен и менаџерот притискаат за 110 милиони. Со 26 гола минатата сезона, Осимен беше најдобар стрелец во Серија А и најдобар играч на Наполи, кој на убедлив начин стана италијански шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови