Наполи забележа рекорден профит од речиси 80 милиони евра за сезоната 2022/23, во која тимот стана шампион на Италија, пишува Calcio e Finanza.
Финансиските извештаи на клубот покажуваат дека минатата сезона остварил профит од 79,7 милиони евра. За споредба, во сезоната 2021/22 Наполи имаше загуба од нешто повеќе од 50 милиони евра. Тоа значи дека приходите на „наполитанците“ се зголемени за околу 130 милиони евра во однос на претходната година.
Целиот приход на „партенопеите“ за шампионската сезона изнесуваше 359,2 милиони евра, од кои 160,9 милиони се од телевизиски права, а 79,6 милиони од капитални добивки на трансфер пазарот. За време на сезоната 2021/22 година, приходот беше 175,9 милиони евра.
Што се однесува до расходите на клубот, нема значајна разлика, бидејќи во сезоната 2022/23 тие беа 241,1 милиони евра, а една година претходно нивната сума беше 242,5 милиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













