Connect with us

Наполи поразен од Лацио, Елмас остана на клупата (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Наполи го забележа првиот пораз во новата сезона од Серија А откако на домашен терен загуби од Лацио со 1-2. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса за настап на овој меч.

Луис Алберто во 30.минута донесе водство за Лацио, но само две минути подоцна израмни Зиелински.

Сепак, Лацио беше подобар во вториот дел и славеше со голот на Даичи Камада во 52.минута.

Аталанта ја победи Монца со 3-0. Џанлука Скамака покажа дека ќе биде големо засилување и постигна два гола, а серијата ја отвори Едерсон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови