Новата „златна кокошка“ на Наполи дефинитивно е напаѓачот Виктор Осимен (23). Нигериецот игра одлично, на 26 настапи сезонава постигна 16 гола и така барем засега ги оправда високите 75 милиони евра кои Италијанците му ги платија на Лил во летото 2020 година.
Напаѓачот наскоро би можел да ја наполни касата и Наполи. Според островските медиуми, Осимен го следат Манчестер Јунајтед и Арсенал, но тоа нема да биде лесна задача за Англичаните.
Наполи не би го продавал на крајот од сезоната, дури и да пристигне астрономска понуда од 100 милиони евра.
Иднината е пред Осимен, Наполи и во овој момент е во трка за „скудетото“, додека пласманот во Лигата на шампионите не треба да се доведува во прашање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













