
Наполи фантастично ја стартуваше сезоната во Серија А, има максимални пет победи во пет одиграни кола и нормално е што во клубот на Елиф Елмас владее еуфорија. Тимот од југот на Италија веќе размислува за засилувања, а италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Лучијано Спалети е репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ.
Договорот на Перишиќ со Интер истекува летото 2022 година, а Наполи би можел да започне преговори со споменатиот играч во зимскиот преоден рок.
Хрватскиот репрезентативец одигра 210 натпревари за Интер, постигна 46 гола, и им се приклучи на „нероaѕурите“ во 2015 година од Волфсбург, а помина една сезона на позајмица во Баерн Минхен.
Во Наполи по одличниот почеток на сезоната, апетитите се зголемија, па со зимски шопинг ќе се обидат да останат конкурентни во трката за „скудетото“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
