
Италијанскиот првак Наполи го контактирал Џулијан Нагелсман за можноста да седне на клупата а тимот од Неапол и да биде нов тренер на Елиф Елмас, откако најверојатно ќе се раздели со Лучијано Спалети. Тој по 33 години го донесе шампионскиот трофеј во Неапол, но е во лоши односи со претседателот Аурелио де Лаурентис.
Ова откако првиот човек на клубот ја искористил клаузулата и автоматски го продолжил неговиот договор за уште една сезона. Тоа секако не му се допадна на стратегот со оглед дека бил известен по пошта, наместо меѓусебен разговор.
Според информациите, Аурелио де Лаурентис веќе имал првични разговори со Нагелсман, и тој е расположен за соработка. Сепак, Наполи треба прво да ја разреши ситуацијата со Лучијано Спалети, а потоа да има завршни преговори со младиот стратег кој до неодамна беше на кормилото на Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski