Наполи работи на привлекување на фудбалер кој треба да ја пополни празнината оставена по продажбата на Квича Кварацкелија во Пари Сен Жермен. „Партенопеите“ го насочија својот интерес кон Алан Сен-Максиман.
Французинот е во сопственост на Ал-Ахли, но моментално игра на позајмица во Фенербахче.
Првично, Наполи се насочи кон Алехандро Гарначо и Карим Адејеми, но брзо стана јасно дека ниту еден од нив нема да се пресели на „Диего Армандо Марадона“. Интересот за Сен-Максиман е сериозен, но не е сигурно дали сите формалности околу потенцијалниот договор ќе бидат завршени навреме.
Доколку Ал-Ахли го прекине неговиот заем на време, тој ќе биде позајмен на Наполи до летото за 4 милиони евра. Постои и можност Французинот да стане трајно член на клубот од Серија А.
Доколку трансферот на поранешниот фудбалер на Њукасл не се реализира, Наполи ќе испрати понуда до Ница за Жереми Бога.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













