Connect with us

Наполи ја одреди цената за Инсиње

Италијанскиот калчолигаш Наполи бара 30 милиони евра отштета за репрезентативецот Лоренцо Инсиње доколку тој одлучи да го напушти Неапол до крајот на летниот преоден рок. Тој влегува во последната година од договорот со „наполитанците“, а преговорите за продолжување на соработката засега одат тешко.

Инсиње бара значително зголемување на платата и 5 милиони евра по сезона за да потпише нов договор со Наполи. Сепак, претседателот Аурелио де Лаурентис не е во можност да му излезе во пресрет на ова барање со оглед дека клубот е сериозно раздрман поради пандемијата на коронавирусот.

Барселона и Јувентус се клубовите кои појавуваат интерес за Инсиње, но, сепак, и тие тешко би се одлучиле да платат 30 милиони евра. Втората опција е Лоренцо Инсиње да остане во Наполи и оваа сезона, а следното лето да замине како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови