Наполи оствари важен триумф (0-1) на гости против Милан на „Сан Сиро“ и му заврши голема работа на лидерот Интер во трката за титулата во Серија А. Без Златан Ибрахимовиќ, „росонерите“ не се доволно конкурентни, посебно во офанзивниот дел, а Наполи постигна победнички погодок преку Матео Политано во 49.минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од Џенаро Гатузо да одигра петнаесетина минути во завршницата од дуелот на „Сан Сиро“.
Во финишот Анте Ребиќ заработи црвен картон, а Милан не успеа да го избегне поразот.
„Росонерите“ сега заостануваат девет бода зад градскиот ривал Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













